„Во Подгорица и Скопје, специјалниот пратеник Рубин ќе се состане со владини претставници за да ја зацврсти поддршката за иницијативите за борба со дезинформациите. Тој ќе разговара за напорите на Русија, Народна Република Кина и други помали актери кои користат дезинформации за да ја поткопаат демократијата и националната безбедност низ целиот свет, и како нашите нации можат колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор“, соопшти американското министерство за надворешни работи.
За време на престојот во Тирана, специјалниот пратеник Рубин ќе ќе учествува на состаноци со американските амбасадори од Западен Балкан.
Ова е негова прва посета на регионот по 23 години. Џејсм Рубин беше чест гостин на Балканот како портпарол на Стејт департментот во време на војната на Косово и на НАТО-бомбардирањето на тогашна Сојузна Република Југославија и како помошник државен секретар од 1997 до 2000 година, за време на мандатот на претседателот на САД, Бил Клинтон.