„Прв ден премиер. И најкратката патека е тешка да се изоди ако немаш визија, план насока и цел. На сите предизвици и патеки до сега сум им пристапувал со добро планирање и јасна цел. Така е и денес, со јасна цел за Европска Република Северна Македонија“, напиша Џафери на Фејсбук.
За тоа со што ќе доаѓа на работа како претседател на техничката влада Џафери вели дека нема комплекс со што ќе доаѓа, дали со мерцедес или приватно.
„Иронијата за мерцедесот верувам дека не е во служба на никого, јас немам комплекс со што доаѓам, дали со мерцедес или приватно ќе си одам дома“, рече претседателот на преодната влада Талат Џафери. Џафери со песна беше дочекан во Форино, истиот ден кога ја презеде функцијата технички премиер.