вторник, 22 октомври 2024

Девојка била однесена од морските струи на 80 километри од јапонскиот брег, ја спасиле по 36 часа

Девојка која ја однеле океанските струи додека пливала на плажа во Јапонија е спасена на околу 80 километри од брегот 36 часа откако исчезнала, соопштија официјални лица. 21-годишна Кинеска, која отишла на пливање со гумен „прстен“ на надувување, влегла во морето кај плажата Ширахама Охама во понеделникот околу 19 часот и 30 минути со пријателка, соопшти утринава крајбрежната стража.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Властите започнале операција за пребарување и спасување откако нејзината пријателка го вклучила алармот на плажата во централниот регион Шизуока истата вечер.

„Беше околу 19 часот и 55 минути на 8 јули кога добивме информација за исчезнувањето, кое го пријави пријателката на исчезнатата жена во блиската продавница“, изјави локален службеник на јапонската крајбрежна стража.

Девојката, која не е именувана, им кажала на спасувачите дека морето ја однело и не можела да се врати на плажата бидејќи пливала со гумен „прстен“. Таа конечно беше забележана од товарен брод кој плови покрај јужниот дел на полуостровот Босо во Чиба во 7:48 часот наутро во средата, изјави официјалниот претставник.

Двајца членови на екипажот на помал танкер во близина биле контактирани преку радио и скокнале во морето за да ја спасат.

„Има 80 километри воздушна линија меѓу плажата и местото каде што беше спасена, но се верува дека таа залутала на уште поголема далечина“, рече официјалниот претставник.

По спасувањето девојката била пренесена во болница, но не морала да биде примена бидејќи била присебна, нејзината дехидрацијата не била опасна по живот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ