Претходно, во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници забележале дека во возилото „алфа ромео“ со кочански регистарски ознаки, кое Д.Г. го управувал, влегуваат повеќе лица мигранти. Д.Г. го запрел возилото и се обидел да побегне, но набргу бил пронајден и лишен од слобода, а при преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти, од кои осум од Република Турција и двајца од Ирак. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против Д.Г., а мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија.