недела, 27 октомври 2024

Детето од Битола кое истепа и ограби човек е во притвор

На 16-годишно дете од Битола по барање на Основното јавно обвинителство, судот му определи 30-дневен притвор поради разбојништво, соопшти денеска Јавното обвинителство. Како што вчера информираа од МВР, детето нападнало 68-годишен човек, од кого откако не добил пари, го соборил на земја и го удриал со клоци, при шпо му го одзел паричникот.

Објавено на

часот

Сподели

„Основното јавно обвинителство Битола поднесе барање за поведување подготвителна постапка против 16-годишно дете во судир со законот за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – разбојништво предвидено во член 237 став 1 од Кривичниот законик.

На 13 декември, во близина на битолската Клиничка болница, детето пристапило до оштетениот и физички го нападнало, удирајќи го по главата и телото и барајќи му пари. Кога оштетениот рекол дека нема пари, детето го соборило на асфалтот и продолжило да го удира со клоци по телото, а потоа му ги пребарало џебовите од каде одзело паричник со 1.500 денари, банкарски картички и лични документи.

Јавниот обвинител до Судијата за деца достави предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ