четврток, 24 октомври 2024

Дете заврши во болница откако возејќи трицикл се судрило со автомобил

Вчера во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. Црниче во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило киа со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(54) од Скопје и трицикл томос со вградена приколка, управуван од малолетник од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ