петок, 25 октомври 2024
Kандидатура за претседател на СДСМ

Деспотовски пред старата железничка станица погодена од земјотресот кажа како СДСМ да излезе од „пепелта“

Јован Деспотовски од СДСМ денеска пред старата Железника станица која беше погодена од скопскиот земјотрес во 1963 година ја најави кандидатурата за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, испраќајќи порака дека партијата е во тешка ситуација по изборниот пораз и дека како Скопје што изникна од пепелта по земјотресот, треба СДСМ да има нов успешен почеток. Тој најави брзо формирање на влада во сенка. Потоа Деспотовски ја поднесе кандидатурата во седиштето на партијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Зад нас е железничката станица најпогодена од катастрофалниот земјотрес пред 61 година. СДСМ се наоѓа во многу тешка ситуација и СДСМ има потреба од еден нов почеток. Она што го објавувам денеска е нова програма за нов почеток, за нов СДСМ. Веруваме и ќе се залагаме целата наша програма, целиот наш тим ќе работи на тоа исто како што Скопје, успеа да се подигне од пепелта, да се обнови и да стане убав град, така и СДСМ повторно ќе почне и ќе биде нова партија која што ќе обединува, не само своите членови, туку ќе биде партија на сите граѓани“, рече Деспотовски.

Како што најави Деспотовски, доколку биде избран за претседател на СДСМ, ќе спроведе нов механизам преку кој партијата ќе дејствува како конструктивна опозиција. Истакна дека ќе формира влада во сенка, за која рече ќе биде опција на граѓаните да размислуваат и да споредуваат.

„Ќе формираме влада во сенка, која што ќе даде своја алтернатива, ќе даде опција на граѓаните да размислуваат и да споредуваат. Ќе бидеме конструктивна опозиција во Собранието, ќе бидеме конструктивна опозиција во државата. Нема да критикуваме по секоја цена, тоа е исто така нешто што ќе не разликува од досегашните практики во партијата и во државата. Ќе подадеме рака секому, вклучително и на нашите политички опоненти“, рече Деспотовски.

Тој ги повика своите противкандидати заеднички да се залагаат за фер изборен процес во партијата, бидејќи, како што рече, само со чист изборен процес Социјалдемократскиот сојуз ќе може да влезе во процес на повторно градење.

„Самата програма нуди многу работи и ние во наредните 20 дена ќе настојуваме да допреме до секој наш член. Она што е исто така важно е дека ќе ги поканиме сите проитивкандидати заеднички да се залагаме за фер изборен процес, бидејќи длабоко сум убеден дека само со победа, со чиста и јасна победа во чист изборен јасен изборен процес СДСМ ќе победи на 30 јуни и ќе можеме да влеземе во еден процес на повторно градење на еден нов СДСМ“, рече Деспотовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ