сабота, 23 ноември 2024

Десет години активизам за ретките болести

Во хотелот „Нова Ривиера“ во Охрид денеска и утре ќе се одржи стручен симпозиум насловен „Ретки болести – дијагностички предизвици и терапевтски перспективи“, по повод одбележување десет години активизам за ретките болести во државата.

Објавено на

часот

Сподели

На симпозиумот, кој е организиран од Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“, ќе учествуваат истакнати професори, доктори и претставници од пациентските организации.

Како што најавија од Здружението, симпозиумот ќе го отворат министерот за здравство – Арбен Таравари, претседателот на Комисијата за ретки болести при Министерството за здравство – Злате Стојаноски и претседателката на Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“-  Гордана Лолеска.

По отворањето на симпозиумот предвидена е прес-конференција на министерот Таравари, проф. д-р Велибор Тасиќ и претседателката на „Ретко е да си редок“ Гордана Лолеска.

На настанот посветен на десет години активизам за ретките болести ќе учествуваат и проф. д-р Велибор Тасиќ, д-р Нора Абази Емини, проф. д-р Александра Јанчевска, д-р, д-р Иван Акимовски, проф. д-р Иван Барбов, д-р Николина Смоковска, нас. доц. д-р Никола Ѓорѓиевски, д-р Владимир Аврамовски, д-р Маја Божиновска Смическа, д-р Сузана Арбутина и доц. д-р Данило Нонкуловски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ