недела, 20 октомври 2024
Прес-конференција на градоначалничката на Скопје

Депонија чиј корисник е Општина Ѓорче Петров предизвикува еколошка катастрофа, изјави Арсовска (ВИДЕО)

Вработен во Општина Ѓорче Петров има депонија чиј еден од клиентите е самата Општина, но таа е лоцирана блиску до пречистителната станица финансирана од ЕУ и може да се предизвика катастрорфа, но завчера на лице место е спречен екоцид од страна на инспектори на Град Скопје заедно со полицијата, изјави денеска градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Таа нагласи дека станува збор за многу опасен, токсичен и канцероген отпад чиј еден дел завршувал во реката, а другиот се закопувал.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за две парцели, едната е со површина од 4.000 м2 на приватен имот, а втората е со површина од  5.000 м2 на државен имот во близина на реката Лепенец, на само сто метри далечина од прочестителната станица која Општина Ѓорче Петров ја гради со пари од Европската Унија, рече градоначалничката на Скопје.

Инспекторите за животна средина на Град Скопје, рече Арсовска, по неколкудневно следење завчера, во соработка со полиција од полициската станица Ѓорче Петров, спречија екоцид откривајќи приватна дива депонија во која се оставал опасен отпад.

Градоначалничка нагласи дека сторителите пред 20 сведоци биле затекнати во извршување на кривичното дело на локацијата на која дневно од 50 до 100 камиони истурале токсичен отпад и праша дали најголем клиент била Општината Ѓорче Петров.

Таа додаде дека сопственици на приватната депонија се лице вработено во Општината во секторот за финансии кое на Фејсбук често може да се види во друштво на градоначалникот на Ѓорче Петров, како и компанија која веќе е под истрага.

„Одговорните се фатени во вршење на екоцид и тоа на лице место по добиена пријава. Собрани се докази поткрепени со фотографии, а случајот е ријавефн во МВР, па на местото дојде и полиција. Нема да дозволиме заради нечиј профит да се трујат граѓаните на Скопје“, порача Арсовска додавајќи дека нелегалниот бизнис се случувал во изминатите две години.

Општината, како штo додаде градоначалничката, немала склучено договор со ЈП „Дрисла“ за одлагање комунален и општински отпад.

„Она што е можеби најтрагично во целата ситуација е прашањето дали најголем клиент на овие лица, физички и првани, кои вршеле екоцид, е токму Општината Ѓорче Петров. Во тетратките во кои се водела нелегална книговодствена евиденција може јасно да се констатира дека покрај градежните фирми и приватни лица, од кои се наплаќало од 1.000 до 1.200 денари, најчест клиент кој депонирал опасен отпад е нотирана токму Општината. Од истата нелегална евиденција од оваа локација може да се види дека меѓу 50 и 100 тешки товарни возила/камиони на ден истурале токсичен и канцероген отпад… од документацијата затекната на лице место се гледа и дека две години ова траело на таа парцела“, рече Арсовска

Таа оцени дека случајот е криминален и скандалозен и апелира неговото процесуирање да биде што е можно побрзо.

„Град Скопје поднесе и кривична пријава до МВР против лицата кои правеле бизнис со кој го загрозуваат здравјето на граѓаните, а ќе поднесеме и посебна кривична пријава против градоначалникот на Општина Ѓорче Петров. Најмалку што може е да понесе морална одговорност во овој момент, а потоа и одговорност од функцијата градоначалник…. Град Скопје, ниту јас како негов градоначалник, повторувам, нема да дозволиме кој било свесно и заради профит да ги труе скопјани“, рече Арсовска.

Според земените примероци од депомината, станува збор за многу опасен отпад кој содржи  големи количини салонитни елементи, како и голем  дел гума, а тоа, како што рече, се фрлало истовремено во Лепенец и „во масивни волумени“ се закопувало покрај реката. Исто така, имало и металоструготини што  е, рече, „сериозно канцерогено и опасно“.

„Подигнат е материјал и извештаите од сите позиции на коишто беше детектирано дека има  потенцијална опасност, како и од водите, ќе ги имаме во наредните неколку дена. Меѓутоа и од увидот на лице место беше евидентно дека тоа е сериозно загрозувачки по животот и здравјето на граѓаните и животната средина“, истакна градоначалничката на Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ