сабота, 19 октомври 2024

Денвер ја победи Филаделфија, Ембид пак не играше во Колорадо (ВИДЕО)

Кога се очекуваше дека Жоел Ембид конечно ќе се појави на теренот во Бол арената и ќе игра на теренот на Денвер против Никола Јокиќ, тој се откажа поради наводна повреда иако беше дел од загревањето.

Објавено на

часот

Сподели

Петта година по ред Жоел Ембид не игра во Колорадо против Денвер. Овојпат отпатува и се очекуваше дека конечно ќе заигра, но тоа не се случи. Ѕвездата се појави на загревањето, но со докторскиот тим заклучија дека има повреда на коленото и не може да настапи.

Денвер го доби мечот со 111-105, благодарение на одличната одбрана во последната четвртина во која Филаделфија постигна само 17 поени.

Никола Јокиќ со 26 поени и 16 скокови беше најдобар кај Денвер, Рид во составот на Филаделфија реализираше 30 поени и имаше 13 скокови.

Супер интересно беше на мечот меѓу Голден стејт и Лос Анџелес Лејкерс каде имаше две продолженија. Езерџиите славеа со 145-144 во исклучително драматичен финиш. Стеф Кари и Леброн Џејмс беа во центарот на вниманието.

Леброн имаше трипл-дабл со 36 поени, 20 скокови и 12 асистенции, а Кари беше најефикасен на теренот со 46 поени. Одлична партија имаше и Ентони Дејвис кој даде 29 поени и имаше 13 скокови.

Резултати:
Детроит – Вашингтон 104-118
Њујорк – Мајами 125-109
Денвер – Филаделфија 111-105
Бруклин – Хјустон 106-104
Бостон – ЛА Клиперс 96-115
Шарлот – Јута 122-134
Милвоки – Њу Орлеанс 141-117
Голден стејт – ЛА Лејкерс 144-145
Сан Антонио – Минесота 113-112

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ