вторник, 16 јули 2024

Денеска на ЕП: Со два големи дерби меча почнува четвртфиналето

По кратката пауза, денеска повторно натпревари на Европското првенство, почнуваат четвртфиналните дуели, на програмата се два меча, Шпанија – Германија и Португалија – Франција.

Објавено на

часот

Сподели

18:00 Шпанија – Германија

Денот започнува со дуелот меѓу домаќинот Германија и селекцијата на Шпанија. Двете репрезентации кои покажаа најмногу досега, ќе се сретнат една против друга.

Шпанските фудбалер важеа за фаворит од сенка, но со игрите кои ги прикажаа досега се промовираа во едни од главните кандидати за освојување на Европското првенство.

Вистинскиот тест за нив ќе се случи денеска во Штутгарт кога ќе излезат на мегдан против домашната селекција на Германија.

Де ла Фуенте и Нагелсман немаат проблеми со повредени фудбалери, ги имаат сите на располагање. Мечот ќе го суди англискиот судија, Ентони Тејлор.

21:00 Португалија – Франција

Од 21 часот се игра дуелот меѓу Португалија и Франција. Кристијано Роналдо против Килијан Мбапе.

Во досегашниот дел од Европското првенство и двете селекции си ја завршија работата иако не импресионираа.

Дидие Дешам за денешниот меч нема да смета на Рабио кој е суспендиран поради жолти картони.

Правдата и на овој меч ќе ја дели англиски судија, ќе суди Мајкл Оливер. Дуелот се игра во Хамбург.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ