вторник, 22 октомври 2024

Денеска на ЕП: Ново големо дерби, Холандија на мегдан со Франција!

Петок: 21.06.2024 – Денеска на програмата се нови три пресметки, најпрво ќе се сретнат Словачка и Украина, потоа следи пресметката помеѓу Полска и Австрија, а последниот термин е резервиран за нова дерби пресметка, Холандија на магдан со Франција.

Објавено на

часот

Сподели

15:00 Словачка – Украина

Украина загуби со 3-0 на стартот на Европското првенство, поразот донесе тензија во соблекувалната, фудбалерите имаа состанок на кој не му беше дозволено на селекторот да присуствува, па денешниот натпревар против Словачка ќе биде искористен за да се поправи впечатокот.

За разлика од Украина, Словачка одлично го отвори континенталниот собир, ја изненади Холандија и направи значаен исчекор кон осмина-финале. Избраниците на Калцона ќе играат со помал притисок и ќе се обидат уште денеска да заверат пласман во нок-аут фазата.

18:00 Полска – Австрија

Полска не разочара во првото коло против Холандија, но остана со празни раце во финишот од мечот, па денес ќе се обиде да стигне до првите бодови. Во тимот се враќа и Роберт Левандовски, останува да се види само дали тоа ќе биде од првата минута или шанса ќе добие од клупата, но напаѓачот ќе биде од голема помош.

Австрија исто така се прикажа во солидно издание на воведниот натпревар, но загуби од фаворизираната Франција, па и тие сега ќе бркаат први бодови. Рангник најави офанзивен пристап без калкулации и намера да стигнат до победа.

21:00 Холандија – Франција

Последниот термин е резервиран за дербито во Групата Д, на магдан ќе излезат Холандија и Франција. Двете репрезентации отворија со победа, па нов триумф практично ќе им го донесе првото место и пласман во нок-аут фазата. Во пресрет на натпреварот сите очи беа вперени во Килијан Мбапе, кој заработи фрактура на носот и ќе мора да носи маска. Напаѓачот се врати на тренинзите, но големи се шансите да го прескокне натпреварот и Дешам да не разикува со него.

„Триколорите“ се благи фаворити, улога која ќе треба да ја оправдаат и долу но теренот, а без Мбапе, шансите на Холандија за успех сигурно се зголемуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ