среда, 24 јули 2024

Денеска на ЕП: Хрватска и Албанија го отвораат второто коло

Среда: 19.06.2024 – Синоќа беше коплетирано првото коло од групната фаза на Европското првенство, денеска започнува втората рунда, на програмата се три натпревари, денот почнува со дуелот меѓу Хрватска и Албанија кој се игра од 15 часот, од 18 следува пресметката меѓу Германија и Унгарија, а денот завршува со дуелот меѓу Шкотска и Швајцарија.

Објавено на

часот

Сподели

15:00 Хрватска – Албанија

Хрватите доживеа дебакл на стартот на Европското првенство откако загубија со убедливи 3-0 од Шпанија. Момците на Далиќ денеска против Албанија немаат право на грешка, мора да одат на сите три бода доколку сакаат да ги задржат шансите за поминување на групата.

И Албанија стартуваше со пораз, но покажа повеќе мускули. Албанците имаа водство против Италија, но загубија со пресврт. Албанија е аутсајдер и во денешниот меч против Хрватска, но бодовите на никој не му се впишани однапред, па се очекува голема борба и денеска.

18:00 Германија – Унгарија

Домаќинот, Германија имаше моќен старт на Европското првенство откако ја прегази Шкотска со 5-1. Унгарците пак беа поразени од Швајцарија со 3-1. На овој меч нема дилеми, Германците се големи фаворити и се освен нивна победа би било големо изненадување. Ова е еден од оние натпревари кои би можеле да бидат убави за гледање, но никој не очекува неизвесност и покрај тоа што во фудбалот никогаш не се знае однапред.

21:00 Шкотска – Швајцарија

Шкотска и Швајцарија ќе вода битка за место во осминафиналето, директен двобој кој може да реши многу работи. Швајцарија одлично го стартуваше турнирот, со победа над Унгарија, додека Шкотите доживеаа тежок пораз од Германија. Низ квалификациите и пријателските натпреварите Шкотска покажа дека може да се надигрува со секој, нивното издание во првото коло не може да биде мериоло за нивниот квалитет, па се очекува денеска да се претстават во многу подобро светло. Швајцарија на крилјата на добриот старт ќе се обиде да дојде до уште една победа и на коло пред крајот да го завери местото во нокаут фазата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ