недела, 14 јули 2024

Денеска ќе биде промовиран проектот парк на ветерници на Алказар енерџи

Околу 450 милиони евра е инвестицијата на фондот Алказар енерџии која денеска во Скопје ќе биде промовирана од коосновачот на фондот Даниел Калдерон, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Објавено на

часот

Сподели

Според Мицкоски оваа инвестиција ќе донесе големи придобивки за економијата, бизнис заедницата и граѓаните.

„Македонскиот ветер ќе донесе дополнителни 100 милиони евра годишно во БДП. Ветерниот парк ќе биде изграден меѓу трите општини, Карбинци, Штип и Радовиш. Ова е исклучително значаен проект за енергетското портфолио на државата кој значително ќе го подобри перформансот на нашиот енергетски сектор“, вели Мицкоски.

Тој подвлече дека за проектот нема специјални закони, нема загарнтиран откуп по загарантирна цена за 20 – 30 години, туку инвеститор кој ќе инвестира 450 милиони евра, а државата ќе добие за 100 милиони евра поголем приход во БДП што треба да донесе 20 отсто од вкупното производство на струја што ќе ја направи енергетски балансирана земјава.

Алказар енерџи е одржлив инфраструктурен фонд фокусиран на средни по големина проекти со обновлива енергија со седиште во Луксембург, со советодавен тим во Дубаи. Фондот, на чие чело е коосновачот Даниел Калдерон, се фокусира на проекти поврзани со обновлива енергија на пазари во развој во Европа и во Турција.

Досега оваа организација имала една успешна инвестиција АЕП-1 во Северна Африка и Блискиот Исток, која во 2021 била откупена од кинеската „China Three Gorges South Asia Investment Ltd”, чии пак акционери, според соопштение на „Алказар енерџи“, во тој момент се и „International Finance Corporation“ и „Silk Road Fund“. Во фондот има инвеститори од САФ и Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ