петок, 22 ноември 2024

Денеска електронска аукција за универзален снабдувач на струја за домаќинствата

Електронска аукција на која услов за добивање на тендерот за избор на нов универзален снабдувач со електрична енергија е да се понуди профитна маржа пониска од 11,5 отсто, колку што изнесува маржата на досегашниот универзален снабдувач ЕВН хоум, денеска ќе се одржи во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

За повикот покрај постојниот универзален снабдувач интерес појави и грчката ЕДС – Енерџи деливери солушнс, која е фирма ќерка на грчкото електростопанство ППЦ.

На универзалниот снабдувач ЕВН хоум на 30 јуни му истекува петгодишниот договор за снабдување со електрична енергија на потрошувачите на регулираниот пазар. Владата лани на 11 декември објави јавен повик за избор на нов универзален снабдувач што ќе треба во наредните пет години, почнувајќи од 1 јули 2024 година да ги снабдува со електрична енергија потрошувачите на регулираниот пазар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ