вторник, 22 октомври 2024

Денеска до полноќ треба да биде избрана новата влада

Пратениците на денешното продолжение на собраниската седница најдоцна до полноќ треба да ја изберат новата влада. Гласањето за новата влада, според собранискиот Деловник, до полноќ треба да го заврши претресот по предложената програма и министри од страна на мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Владата ќе биде избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници. Парламентарното мнозинство што се очекува да ја поддржи новата влада во Собранието се состои од 78 пратеници, 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ. 

Програмата за работа на Владата 2024-2028, доставена во Собранието од мандатарот Христијан Мицкоски, е претставена во шест столба на над 60 страници. Носечка цел, како што се наведува, е „обнова на довербата во институциите на државната власт, елиминирање на корупцијата и обезбедување на владеење на правото, како и економско заживување со цел создавање на продуктивни и добро платени работни места“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ