вторник, 22 октомври 2024

Демонстранти низ светот го одбележаа роденденот на затворениот руски дисидент (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Поединечни демонстранти, исто така, го одбележаа настанот во руските градови, држејќи плакати на јавните плоштади, пред да бидат приведени, објавија активистите за човекови права. Навални даде изјава дека е добро расположен, но дека повеќе би сакал да биде со семејството отколку во казнена колонија на 260 километри североисточно од Москва.

„Но, животот функционира на таков начин што социјалниот напредок и подобра иднина може да се постигнат само ако одреден број луѓе се подготвени да ја платат цената за своето право на верување“, објави тој на Твитер. „Колку повеќе такви луѓе има, толку помалку сите ќе мора да плаќаат. И сигурно ќе дојде денот кога зборувањето на вистината и застапувањето на правдата ќе станат нешто вообичаено и нималку опасни во Русија“.

Најпознатиот критичар на претседателот Владимир Путин е затворен под обвинение за измама повеќе од две години откако беше осуден на девет години. Навални се соочува со 30 години затвор во новото судење кое ќе започне наскоро.

Активистот едвај преживеа труење со нервниот агенс новичок во 2020 година и доброволно се врати во Русија по лекувањето во болница во Берлин. Го чуваат речиси непрекинато во ќелија со димензии 2 на 3 метри.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ