сабота, 19 октомври 2024

Демонстранти го нападнаа автомобилот на американскиот претседателски кандидат Рамасвами (ВИДЕО)

Демонстранти огорчени од изјавите на Вивек Рамасвами, противник на американската помош за Украина, во четвртокот во Ајова, додека водеше кампања за предвремено гласање, викале и пцуеле по него, а потоа удриле со својот автомобил во неговото возило, се качиле врз него, скокале и на крајот провалиле во неговиот автомобил.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска имав граѓанска размена со демонстрантите, непосредно пред двајца од нив да влезат во својот автомобил и да удрат во нашиот. Тие треба да одговараат, но другите мирни демонстранти да не бидат загрозени од однесувањето на двајца лоши учесници“, објави тој на платформата Х.

За време на неодамнешната прва републиканска дебата во претседателската кампања во 2024 година, Рамасвами го нарече „катастрофално“ тоа што американската влада „заштитува од инвазија некои таму преку границата“ и тврдеше дека парите дадени на Украина би биле подобро потрошени за спротивставување на „инвазијата (на мигрантите) на нашата јужна граница“.

Портпаролката на Рамасвами, Триша Меклафлин, рече дека никој немало во возилото и дека никој не е повреден во нападот во малиот град Гринел, Ајова.

Меклафлин рече дека „Рамасвами бил навикнат да се справува со демонстранти и постпувал многу смирено“.

Рамасвами, 38-годишен биотехнолошки претприемач беше во Гринел за да сними интервју за филијалата на ТВ Си-би-ес.

Рамасвами не е првиот кандидат чиј автомобил е уништен за време на оваа кампања.

Во јули, неговиот партиски ривал Рон Де Сантис беше вмешан во сообраќајна несреќа во близина на Чатануга, Тенеси, на патување за време на кампањата. Гувернерот на Флорида не е повреден во верижниот судир на државните возила на Флорида што се случи кога сообраќајот ненадејно се забавил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ