петок, 18 октомври 2024

Демонстрант во Шведска шутираше копија од Куранот, Ирак го протера шведскиот амбасадор

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите, стотици од нив, упаднаа во шведската амбасада во центарот на Багдад рано наутро и ја запалија во знак на протест против очекуваното палење на светата книга на исламот во Шведска истиот ден.

Ирак во четвртокот побара од шведскиот амбасадор во Багдад да ја напушти територијата на Ирак и го отповика својот вршител на должност во Шведска, соопшти владата.

Ирачката државна новинска агенција објави дека Ирак исто така ја суспендирал работната дозвола на шведскиот Ериксон на ирачка територија.

Одлуката е донесена откако Ирак ѝ соопшти на Шведска дека ќе ги прекине дипломатските односи доколку Куранот повторно биде запален во таа земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ