петок, 25 октомври 2024

Демократски пратеник го повика Бајден да се повлече од изборната трка: „Не смее да нè испорача на Трамп“

Пратеникот на американската Демократска партија од Тексас Лојд Догет го повика денес претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден да се повлече од трката за претседателските избори, наведувајќи го, меѓу другото, неговиот „катастрофален настап“ во неодамнешната дебата против републиканецот Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Се надевам дека ќе ја донесе тешката и болна одлука да се повлече, апелирам до него тоа да го направи“, им кажа Догет на американските медиуми.

„Претседателот Бајден (81) ја спаси нашата демократија со тоа што нè избави од Трамп во 2020. Не смее да нè испорача на Трамп во 2024 година“ додаде Догет, првиот пратеник кој го повика Бајден да се повлече од изборната трка.

Демократскиот сенатор Шелдон Вајтхаус кажа во понеделникот дека Американците сакаат да бидат сигурни во здравствената состојба на Бајден.

Белата куќа со месеци ги отфрлаше, понекогаш со извесна иритација, прашањата за физичките и менталните способности на американскиот претседател, чија физичка и вербална леснотија е значително опадната.

Иако високи функционери на Демократската партија јавно го поддржуваат Бајден, по дебатата со Трамп сепак расте нервозата меѓу поддржувачите и донаторите, а некои го критикуваат најтесниот круг на претседателот, поради недостигот од транспарентност за неговото здравје.

Некои бараат Бајден конкретно да одговори на загриженоста во јавноста, со поголем број конференции за новинарите или отворени размени со поддржувачите.

Еден новинар во понеделникот директно го праша Бајден дали планира да се повлече од трката, на крајот на краток говор во Белата куќа. Бајден само се сврте и излезе од просторијата, без одговор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ