вторник, 22 октомври 2024
Министерот и пратеник реагира

Демири остро до ДКСК, смета дека можел да разрешува директори во време на избори

Министерот во заминување  и пратеник (во исто време, н.з.) Илир Демири преку соопштение реагира на ставот на Државната комисија за спречување на корупцијата изборна комисија (ДКСК) која иницира негова одговорност и иако тоа го сторил во време на избори во кои и самиот учествувал, смета дека имал право да ги разреши медицинските директори на Токсикологија и Кардиологија. Демири вели дека нема компромис кога во прашање е безбедноста на пациентите и вработените.

Објавено на

часот

Сподели

„Поранешниот медицински директор на Клиниката за кардиохорургија е разрешен од позицијата медицински директор поради прекршување на законските нормативни, во Република Северна Македонија оперирале лекари од Србија кои немале соодветна лиценца и ред други прекршоци. Сите податоци со кои располагаме ги пријавивме во Јавното обвинителство за да го истражи овој случај.

Претходниот медицински директор од Клиниката за токсикологија и еден од лекарите беа разрешени поради несовесно работење во целиот изминат период. Клиниката имала согласности за продолжување на договорите за работа на 18 лица, но не постапил. Неколку месеци овие лица оделе на работа, а не земале плата за својот труд. Ангажираните трпеле закани и омаловажувања на национална основа за што истите доставија писмо со изјави за секојдневните навредувања од страна на директорот и од лекарот.

И за овој случај чекаме јавното обвинителство да постапи. Би сакал да ја информирам Државната комисија за спречување корупција дека обврска на министер е безбедноста на пациентите и безбедноста на сите вработени во јавното здравство“, рекол Демири, се наведува во денешното соопштение од Министерството за здравство.

Инаку, антикорупционерите констатираа дека со двете одлуки на министерот се прекршени Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и Законот за здравствена заштита. Повреден е и Изборниот законик со оглед на тоа што во двата случаја директорите биле разрешени со решенија донесени (од 14 мај односно  27 мај) пред усвојувањето на заклучокот за завршување на изборите за пратеници во Собранието од 30 мај 2024.

За двете разрешувања – и за медицинскиот директор на  Токсикологија, д-р Данил Петровски, и за директорот на државната Кардиохирургија, д-р Марјан Шокаровски, не биле почитувани процедурите за разрешување од функцијата односно требало да има предлози за разрешување од управните одбори до здравствените совети на овие установи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ