недела, 14 јули 2024

Демирал поради политички гест доби суспензија, нема да игра против Холандија

Според германскиот весник „Билд“, УЕФА го казнила турскиот фудбалер, Мерих Демирал со два меча суспензија поради начинот на кој прослави на мечот со Австрија.

Објавено на

часот

Сподели

Демирал се радуваше правејќи го контроверзниот „волчји поздрав“ кој е симбол на турските десничарски екстремисти кои веруваат во супериорна турска раса и обединување на сите турски народи во една држава, односно создавање на царство од Балканот, па се до Кина.

Ваквиот негов гест крена лавина реакции, по што УЕФА покрена случај. Одлуката е Демирал да добие два меча суспензија.

Тоа значи дека фудбалерот на Турција кој даде два гола против Австрија нема да игра против Холандија во четвртфиналето.

Турците до утре изутрина имаат можност да ја обжалат одлуката, но мали се шансите таа да биде променета.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ