сабота, 19 октомври 2024

Делови од Кина ги погодиле најлошите поплави во последните децении, десетици мртви

Објавено на

часот

Сподели

Метеоролошките власти соопштија дека во Пекинг се забележани најсилните врнежи во 140 години додека остатоците од тајфунот Доксури го погодија регионот, претворајќи ги улиците во реки, па екипите со гумени чамци ги спасуваат жителите.

Денес е потврдена смрт на спасувач во областа на Пекинг и околната провинција Хебеи, каде бројот на жртвите се качи на 22. Уште еден спасувач беше прогласен за мртов вчера откако гумениот чамец се превртел во надојдена река.

Едно од најтешко погодените подрачја е Зужоу, мал град кај Пекинг. Во градот се испратени околу 1.000 спасувачи, а евакуирани се повеќе од 125.000 луѓе, јавуваат државните медиуми.

Надојдена река урнала и еден мост преку автопат на северот на Кина, но никој не загинал.

Во источната провинција Шангдонг, властите предупредиле на ризик од поплави бидејќи нивото на водата на реката Џангвеј продолжува да расте.

Неколку организации, вклучувајќи го Епл, апликацијата за достава на храна Меитуан и кинескиот Црвен крст денес ветија донации за помош во хуманитарните напори во областа на Пекинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ