петок, 18 октомври 2024

Дејвид Рајкер по проекцијата на своите филмови во Кинотека ќе разговара со гледачите

Објавено на

часот

Сподели

Со Аби Корниш и Бил Патон во главните улоги, филмот „Девојката”, ја кажува приказната за Ешли, самохрана мајка која со криминални дејства, очајнички се бори да изгради живот доволно достоинствен, за да го врати старателството над својот син, згрижен од социјалните служби. Тргувајќи со емигранти на мексиканско-американската граница, мајчинскиот инстинкт на Ешли се буди, кога зема под своја заштита едно девојче, чија мајка „изчезнува” преминувајќи ја реката Рио Гранде… 

Филмот „Градот”, кој ќe биде прикажан во недела, во 20 часот, раскажува четири немигрантски приказни кои се случуваат во градот Њујорк, кон крајот на минатиот век. Снимен во црно-бела техника, во стил на италијанските мајстори на нео-реализмот, филмот е редок и драгоцен пример на социјален реализам во американска кинематографија.

Дебитантското остварување на режисерот Рајкер, филмот е добитник на низа престижни награди меѓу кои и Оскар во категоријата на студентски филм, за филмската епизода „Кукларот”.

l

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ