Според последниот 24-часовен извештај на ЦУК, од вкупниот број 1.522 повици на бројот за итни случаи 112, „реални“ повици за итни случаи биле 33,84%, а 66,16% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни.
Согласно природата на настаните, преку ЦУК кон полиција биле упатени 50,80% од повиците од 112, кон Итната медицинска помош 37,97%, а кон пожарникарите биле упатени 7,49%.
ЦУК информира и дека викендов имало 25 пожари на отворено – во саботата 21 и четири пожари вчера, и тоа во Битола, Прилеп, Крушево и Куманово.