недела, 27 октомври 2024

Дебрани фатени во шверц на добиток наменет за албанскиот пазар

По неколкуте случаи на спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија, од страна на албанската гранична полиција, вчера обид за шверц на добиток спречиле и македонските полициски службеници.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера попладне полициски службеници од полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Блато при Регионалниот центар за гранични работи Запад ги лишија од слобода О.З и еден малолетник, двајцата од Дебар поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење со жив добиток преку државна граница“, информираше  Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Спорд него, тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Двајцата дебрани се обиделе да прошверцуваат неколку телиња со поголема тежина.

Деновиве ваков случај беше откриен во селото Рајце, кај Пермет, погранично село на албанско-македонската граница кај Струга. Приведен беше И.А. кога албанската полиција го запрела возилото мицубиши со кое управувал и отркила дека превезува две телиња со поголема тежина. При увид во штала сопственост на приведениот, пронајдени биле уште шест говеда за кои постојат основи на сомненија дека се прошверцувани од македонска територија.

Неодамна пак, албанската гранична полиција приведе две лица, жители на селото Маќелари во близина на албанско-македонската граница, кај преминот Блато, кои превезувале повеќе грла групен добиток без соодветна документација.

Полициите на двете земји посочуваат дека ги засилуваат мерките за спречување на оваа појава, која е зачестена поради повисоката цена на месото во Албанија. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ