вторник, 22 октомври 2024

Давкова и Муцунски на средба со Македонците од Албанија: Владата ќе работи на заштитата на интересите на македонското малцинство

Статусот на Македонците во албанското општество, можностите за подобрување на нивната положба, како и начините на кои земјава може да придонесе за справување со предизвиците со кои се соочуваат беа теми на разговорот на претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски со претставници на Македонците во Албанија во вила Билјана во Охрид.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Беше отворено и прашањето за неодамнешниот попис во Албанија чии податоци не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата. Притоа, беше истакнато дека земјава ќе ги преземе сите неопходни чекори за надминување на оваа состојба, како и соодветна заштита на правата на Македонците во Албанија“, соопшти МНР и се додава дека било разговарано за потребата од зајакнување на соработката и релациите со Македонците од Албанија, конкретно во економската, образовната и културната област.

На средбата присуствуваа Едмонд Темелко, Спиро Малевски и Елеонора Мазенковски од организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија – „Преспа“, Бесник Хасани, од македонското друштво „Мост“, Мехмед Хоџа од друштвото „Гора“, Панди Јани од Партијата на слободата за Мала Преспа и македонскиот активист Панде Симоновски од Тирана, претседателката Сиљановска Давкова беше запозната со тековните активности на Македонците во Албанија фокусирани на заштитата и афирмацијата на македонскиот јазик, култура и традиции. Претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство од нивниот значаен придонес во средините во коишто живеат и работат, континуирано унапредувајќи ги македонско-албанските односи.

Во разговорот беа разменети мислења за резултатите од последниот попис во Албанија, при што претставниците на македонското национално малцинство, осврнувајќи се на правата и слободите на Македонците во Албанија, изразија незадоволство од спроведениот попис. Истакнувајќи го почитувањето на етничката, религиска, јазична и идентитетска припадност на малцинствата, како темелна европска вредност, претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи важноста пописот, секогаш, без исклучок да ја отсликува реалноста во секое општество.

На средбата присуствуваа и пратеничката во македонското собрание, Рашела Мизрахи и поранешниот амбасадор во Република Албанија, Веле Трпески.

Муцунски на средбата нагласил дека Владата и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно ќе работат за унапредување и заштита на интересите на македонското национално малцинство што претставува мост на поврзување меѓу двете земји.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ