вторник, 22 октомври 2024

Данска ја растури Германија во финалето, Хансен се пензионира со златен олимписки медал

Финалето на ракометниот турнир на Олимписките игри не понуди никакви возбудувања бидејќи Данска со 39-26 ја совлада Германија, ова беше последен натпревар во кариерата за легендарниот Хансен.

Објавено на

часот

Сподели

Неизвесно беше само во првите минути од мечот, потоа Данска се одлепи, во текот на првото полувреме направи и неверојатни 11 гола разлика, на одморот замина со позитива од 21-12.

Во второто полувреме ја одржаваше високата предност повремено и зголемувајќи ја, конечниот резултат беше 39-26.

Убедливо најефикасен во данскиот тим беше Гидсел со 11 постигнати голови, кај Германците Кнор реализираше шест.

Ова беше последен натпревар за Микел Хансен кој се пензионира со златен олимписки медал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ