среда, 30 октомври 2024
Судот во Барселона го прогласи за виновен

Дани Алвеш заглави зад решетки, трофејниот фудбалер осуден на 4,5 години затвор за силување

Судот во Барселона го прогласи Дани Алвеш за виновен по обвинувањата за силување, вториот најтрофеен фудбалер на сите времиња доби четири ипол години затвор.

Објавено на

часот

Сподели

Дани Алвеш заврши зад решетки во јануари 2023 година, откако девојка го пријавила Бразилецот дека ја силувал во ноќен клуб во Барселона.

На почетокот од овој месец почна судењето, беа одржани три рочишта, па денеска беше донесена пресуда.

Бразилецот е прогласен за виновен по обвинувањата за силување, и доби затворска казна од четири ипол години.

Тој исто така девет ипол години не смее да и се приближува или да контактира со девојката, а ќе треба да и плати и оштета од 150.000 евра, плус судските трошоци.

Дани Алвеш, како и девојката, имаат право да достават жалба на оваа пресуда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ