вторник, 22 октомври 2024

Дали со портокаловата вратоврска Мицкоски прати порака? Тој вели, не

На првиот ден како премиер, Христијан Мицкоски се појави со вратоврска со каква што досега на официјални настани не се појавил – портокалова. Доби новинарско прашање дали испраќа порака за поврзаност со едно минато на ВМРО-ДПМНЕ. Не, одговори Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Не знам вас што ве потстува, но мене ме потсетува на свеќичките на последниот роденден на мојот син и тоа е убава меморија. Портокаловата е една од моите омилени бои и оваа вратоврска ја добив како подарок од еден мој пријател. Утрово спонтано ја облеков без никаква порака. Очекувам убави денови“, одговори Мицкоски.

Инаку, во 2008 година ВМРО-ДПМНЕ се ребрендираше, а партиската боја беше сменета во портокалова како бојата на „портокаловата револуција“ тогаш во Украина.

Подоцна боите беа вратени во црно-црвено, а потоа во посветло црвена.

Во политичката наука ребреднирањето на партиите и менувањето на партиските бои се поврзува со обид на партијата да го зголеми гласачкото тело, сметајќи дека има замор кај членството, симатизерите и гласачите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ