сабота, 13 јули 2024

Даку доби два меча суспензија за пцовките кон Македонците и Србите, парична казна и за Албанија

УЕФА го суспендираше Мирлинд Даку на два натпревари поради пцовките кон Македонците и Србите по крајот на натпреварот против Хрватска, Европската куќа на фудбалот ја казни и Фудбалската федерација на Албанија со нешто над 47.000 евра поради однесувањето на навивачите.

Објавено на

часот

Сподели

УЕФА имаше полни раце работа по дуелот поемѓу Албанија и Хрватска во Хамбург.

Од трибините се слушаше скандирање „Убиј го Србинот“, а по последниот свиреж на судијата, фудбалерот Мирлинд Даку зеде мегафон во раце и почна да скандира со навивачите на Албанија, притоа беа користени навреди и пцовки за Македонците и Сбрите.

Па Европската куќана фудбалот поведе дисциплинска постапка и денеска изрече казни.

Мирлинд Даку доби два натпревари суспензија, па нема да настапи пртотив Шпанија во последното коло од групната фаза, а ќе го прескокне и евентуалното осмина-финале.

Фудбалската федерација на Албанија пак доби парична глоба од нешто над 47.000 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ