петок, 18 октомври 2024
Реакција

Да се разреши владиката Петар оти ги дискриминира жените, бараат од Платформата за родова еднаквост

Објавено на

часот

Сподели

Од таму велат дека иако го почитуваат право на сопствени мислења и верувања, не можат да прифатат дека феминизмот е опасна и деструктивна идеологија.

„Родовата рамноправност е основно човеково право кое е вградено во меѓународната правна рамка и е од суштинско значење за создавање на еднакво општество. Жените и девојките ширум светот и понатаму се соочуваат со системска дискриминација и маргинализација, а феминистичкото движење, предводено од жени и сојузници, има клучна улога во оспорувањето на штетните родови норми, преку застапувањето за родова еднаквост. Изјавите како онаа на Владиката Петар единствено служат за овековечување на штетните родови стереотипи и ја зајакнуваат дискриминацијата на жените. Со сугерирањето дека жените кои ги бараат своите права треба да бидат подготвени да извршуваат повеќе должности, владиката Петар во суштина тврди дека жените треба да бидат казнети затоа што се залагаат за сопствените права. Ова не само што е длабоко неправедно, туку е и спротивно на принципите на еднаквост и правда што сите ние се стремиме да ги почитуваме“, велат од Платформата за родова еднаквост. 

Од поглаварот на МПЦ ОА г.г.Стефан и Светиот Архиерејски Синод на МПЦ ОА-Јустинијана да го разреши г.Петар од должноста Митрополит и негово целосно расчинување заради повреда на Уставот на Македонија и повреда на основните човекови права и слободи.

Ова барање произлегува од непоправливоста на Митрополитот Петар во своето однесување, со кое произнесува ретроградни и антицивилизациски ставови кои се спротивни на христијанството како религија.

„Бараме да се активира одлуката на САС на МПЦ за расчинување на Митрополитот г.Петар донесена од Синодот под претседателсво на г.г. Гаврил која е извршна и е стапена во сила на денот на донесувањето 14 јуни 1990 година. Би сакале да го потсетиме Владиката Петар дека правата на жените се човекови права и дека феминизмот и борбата за рамноправност на жените и еднакви можности е клучна за создавање праведно општество. Наместо да го осудуваме феминистичкото движење и да го обвинуваме за општествени прашања, треба да работиме заедно кон креирање на општество кое ја прифаќа различноста, промовира рамноправност и обезбедува прстап кон еднакви можности за сите поединци“, додаваат од Платформата за родова еднаквост. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ