„Верувам дека ‘Д фестивал’ ќе ја зголеми културата во нашиот град, можностите, но и од аспект од јакнење на локалната економија. Многу е важно шти три дена во месец јули во градот Штип ќе дојдат илјадници посетители, ќе го закупат целиот град, целиот сместувачки капацитет, градот ќе живее во ритамот на фестивалот“, рече Јорданов.
Фестивалот ќе се одржи на отворено како и сите години претходно, во подножјетот на тврдината Исар, на пешачката патека покрај река Брегалница. Дополнително, ќе има соодветна кампинг зона за посетителите и неколку бини.
„Концептот е променет делумно, но она кое е белег на фестивалот е кампинг зона, неколку стејџови. Ова лето илјадници посетители ќе бидат дел од фестивалот и сите сместувачки капацитети ќе бидат ставени на располагање“, изјави Јорданов.
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи по 15 пат, а за првпат во Штип. Неговите почетоци и 14 годишно одржување до сега беше во Дојран.