сабота, 19 октомври 2024

ЦУК доби теренско возило за ноќни операции поврзано со дронови

Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку проектот за ефикасно откривање и управување со шумски пожари, доби теренско возило опремено со ИКТ за ноќни операции. Возилото е планирано да биде поврзано со дроновите и со Командниот центар во Струмица преку ГПС (GPS). 

Објавено на

часот

Сподели

Според ЦУК, развојот и имплементацијата на ИКТ системи за ефикасно рано откривање на шумски пожари со зголемена прецизност, намалување ниски стапки на лажни аларми и способност за 24/7 работа, ќе го покаже потенцијалот на ваквата иновативна технологија што ќе придонесе за рано предупредување на ризик од катастрофи од шумски пожари.

„Преку реализирање на проектот за рано откривање пожари и нивно движење за превенција и справување со катастрофи ‘еФИДАР’, со финансиска помош од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција – Република Северна Македонија, 2014 -2020, денеска во Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше реализиран прием на теренско возило опремено со информатички комуникациски технологии (ИКТ) за ноќни операции. Врз основа на надлежностите и задачите, како и следење на состојбите со пожари, општата цел на проектот е ефикасно откривање и управување со шумски пожари во прекуграничната област преку соодветни алатки (ИКТ) со цел зголемување на подготвеноста и размена на практики меѓу двете земји“, информира ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ