сабота, 19 октомври 2024

ЦУК апелира до граѓаните да не ги палат стрништата и пасиштата

Противпожарните тимови вчера интервенирале на вкупно 22 пожара, а активен е уште пожарот во Општина Македонски Брод, над село Белица, кај месноста Аргулица, каде што гори ретка борова шума на тешко пристапен терен, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците од изминатиот период, за време на викендите има најмногу пожари на отворено, велат од ЦУК.

„Апелираме до сите земјоделци и сточарите да не ги палат стрништата и пасиштата, а до граѓаните да се воздржат од палење оган при престојот во природа. Сериозни врнежи од дожд нема подолго време и не се очекуваат барем до понеделник. Вегетацијата е исклучително сува, дневните температури се уште се високи, а пожарникарите и пилотите се исцрпени и на крај на силите“, апелираат од ЦУК.

Вчера се изгаснати 21 пожар на отворено, при што гореле стрништа, сува трева, ниска вегетација, мешана и борова шума, отпадоци, а и овошни насади на територијата на општините Шуто Оризари, Чучер-Сандево, Студеничани, Прилеп, Крушево, Чашка, Росоман, Штип, Чешиново-Облешево, Зрновци, Свети Николе, Сарај, Ѓорче Петров, Долнени, Старо Нагоричане и Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ