вторник, 22 октомври 2024

ЦИА со месеци знаела за планот за напад на Северен тек

Објавено на

часот

Сподели

ЦИА ја предупредила Украина „откако добила алармантен извештај од холандската воена разузнавачка служба (МИВД), која слушнала за плановите преку украински извор“, објави НОС. Вашингтон пост на 6 јуни објави дека ЦИА била предупредена за украинските планови од шпионска агенција од една европска земја, но без да прецизира за која земја станува збор.

Запрашана за оваа информација, холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен не сакаше да коментира. „Не можам да ја коментирам работата на нашите разузнавачки служби“, рече таа на прес-конференција во Амстердам, додавајќи дека Германија, Шведска и Данска го истражуваат инцидентот.

Гасоводите „Северен тек 1“ и „2“, наменети за транспорт на природен гас од Русија до Германија, беа саботирани со подводни експлозии на 26 септември и беа ставени надвор од употреба, што потенцијално ја лиши Москва од приход од милијарди долари.

Неколку земји, вклучувајќи ги Русија, Украина и САД, беа обвинети дека се одговорни, но сите го негираат тоа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата потврди дека не бил вмешан во експлозијата на гасоводот „Северен тек“ и рече дека не верува оти други украински функционери имале некаква улога, како што тврдат неколку весници.

Според планот, кој наводно бил пресретнат од холандските разузнавачки служби, операцијата ја водел украинскиот генерал Валериј Залужни, а во неа учествувале мал тим нуркачи со едрилица. Претседателот Зеленски не бил информиран за тој план, според НОС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ