Нуклеарните тензии меѓу Русија и САД се зголемија од почетокот на конфликтот со Украина, а Путин постојано предупредуваше дека Русија е подготвена да го искористи својот нуклеарен арсенал доколку е потребно за да го одбрани својот „територијален интегритет“, потсетува Ројтерс.
„Тоа е малку веројатно. Тоа е нашата моментална процена“, рече Хејнс, но не ја образложи процената.
Во февруари Путин објави дека Русија го суспендира своето учество во договорот Нов СТАРТ, последниот актуелен пакт за нуклеарно оружје со САД, кој го ограничува бројот на стратегиските боеви глави што секоја страна може да ги распореди.
Минатиот месец, неименуван американски дипломат рече дека САД и нивните сојузници во НАТО треба да внимаваат на знаците дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да употреби тактичко нуклеарно оружје во „контролирана“ ескалација во Украина.