вторник, 22 октомври 2024

Цензура во Музеј на Скопје, забрането е потсмевањето со северна

Објавено на

часот

Сподели

Уметник од Северна Македонија не е уметник, пишува на дел од инсталацијата на Шеќеров при што дел од зборот North и Македонија се со црвена боја (An artist from North Macedonia is not an Artist). Раководството на Музејот на град Скопје не ја прифати уметничката инсталација со која Шеќеров се осврнува на северна како место каде што (не) може да постојат уметници. Тој вели дека уште пред еден месец му било речено дека не може да му бидат објавени дела со тема „северна” затоа што тоа било политичка порака и од него било побарано да се откаже од дело во кое се потсмевнува со северна. Директор на Музејот на град Скопје е Панче Велков, кој на таа функција дојде по предлог на Левица. Куратор на изложбата е неговата сопруга Гордана Велков.

о

Во официјалната програма за утрешната изложба пишува дека целта е обединување на делата изработени за време на уметничката резиденција во 2022 година помеѓу двете места (Скопје/ Сант Антиоко, Сардинија). A/R (andata e ritorno; повратен пат) е патувачки дневник на уметниците, нивните идеи и соочување со новините од стекнатото искуство. „Целта на обединувањето на креацијата е да се развие идеја на зближување на младите уметници преку уметноста, културата, различностите во живеењето, но и сличностите во културата и традицијата во регионалните рамки на Европа кои делат заеднички вредности“.

Еве што за овој потег на раководството на Музејот напиша Шеќеров:

Почитувани пријатели, познаници, непријатели, и најважно доследни на основните човекови принципи како правото на слободно изразување. Цензурата од страна на Музеј на град Скопје која ја најавив пред еден месец, утре официјално ќе се случи. Запомнете го 28-ми ноември како црн ден за македонската култура и уметност, ден кога се цензурираше уметникот во Македонија. Иако никого лично не повредувам во содржината на моето дело, истото беше забрането со манипулативни оправдувања од типот: ќе ги повредиш колегите во музеј, овака ќе направиш кога ќе се менува политиката, па дури и се впуштија во обид да прават корекција на делото. Епа… тешко е да се зборува за оваа тема, но уште потешко е да се премолчи кога ти прават очигледна цензура! Испровоциран од пораките отидов во музејот да ги прашам вработените дали ги повредувам со делото кое го цензурираше т.н кураторка? Одговорот на сите беше ова е срамота, ова е вукојебина, ова може да ти го прават само нечесни луѓе кои не си ја сакаат Македонија. Е, сега, дали се слушаме кураторке? Просторот кој од позиција на моќ го користите за да глумите авторитет нема да ви биде даден. Јас и сите граѓани на Република Македонија го плаќаме тој музеј. Немој да се криете, појавете се на дебата, бранете ги вашите будалаштини јавно, не од глувчешка дупка како што сте биле цел живот. Едно знам срамот ќе ве прогонува до крајот на животот. Нека му е со среќа изложбата на сите уметници. Македонија е бесмртна!“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ