сабота, 19 октомври 2024
Според Центарот за одржливи иницијативи и НаТочак

Центар е највело општина во Скопје и околината, но сепак велосипедистите немаат добри услови

Објавено на

часот

Сподели

Оранизаторите велат дека бодувањето на општините се изврши врз база на критериум (методологија) развиен во рамки на проектот „Граѓанските огранизации во акција за климатските промени“. 

Притоа, беа земени бројни карактеристики и активности кои општините ги сработиле за велосипедистите во периодот 2021-2023, а информациите беа побарани по пат на барање за информации од јавен карактер. Покрај тоа, беше спроведена и јавна анкета наменета за граѓаните. 

Методологијата ги следи европските и светските стандарди, но e прилагодена за локалното подрачје. Таа е резултат на соработка со општините кои имаа шанса да дадат свој удел во нејзината реализација, се вели во соопштението.

с

Општините кои не доставија информации се бодуваа со 0 бодови. Од вкупно 17 општини, четири општини на доставија одговори.

Сепак, иако жири комисијата едногласно одлучи Општина Центар да биде прогласена за победничка, таа освои вкупно 49 бодови од можни 100. Ова покажува дека и покрај тоа што општината најмногу се залага за овозможување на услови за граѓаните, останува уште многу простор за подобрување, велат од организацијата на настанот.

Наградата од јавноста ја доби Општина Аеродром со освоени најмногу поени на јавната онлајн анкета пополнета од повеќе од 1.000 граѓани. 

Рурална општина која направила најмногу за велосипедистите е Илинден, инвестирајќи во нова велосипедска инфраструктура – вело патеки и паркинзи. 

Посебно признание од комисијата доби Општина Гази Баба за остварување на велосипедска рекреативна инфраструктура долж Вардар која воедно служи за поврзување со општините Аеродром, Центар и Карпош.

Општина Петровец, пак, го понесе признанието за општина со најголем потенцијал поради покажаниот интерес да инвестира во велосипедската инфраструктура преку изведбата на првата вело патека во општината, која го поврзува Скопскиот регион со светот. 

„Би сакале да нагласиме дека целта на овие награди е општините преку позитивен пример да ги зголемат заложбите за подобрување на велосипедската инфраструктура, а со тоа и за климатска акција. Се надеваме дека изборот ќе продолжи и во иднина, па дури и да се претвори во традиција“, вели Мери Бакалова Стојанова од Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи.

д

Таа посочи дека за возењето велосипед да биде атрактивна и безбедна опција при секојдневниот транспорт, општините мора да овозможат развој на вело културата и удобност за своите граѓани. А за ова, како што нагласи Бакалова, е потребна политичка волја.

Јавната онлајн анкета покажа дека граѓаните најчесто го користат велосипедот како превозно средство за движење низ општините Центар, Карпош и Аеродром.

Оценувајќи ја велосипедската инфраструктура, речиси половина од испитаниците (48,2%) изјавија дека немало никакви нови инвестиции во последната година ипол.

„Една третина од испитаниците (37,4%), исто така, изјавија дека нивната општина не презема ништо за безбедноста на велосипедистите. Голем дел од граѓаните кои ги споделија своите мислења со нас велат дека не се чувствуваат безбедно да возат велосипеди со детско седиште или деца да возат сами, нагласувајќи дека може да биде особено ризично“, посочи Дарко Арсовски од НаТочак. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ