петок, 22 ноември 2024

Цените на становите во Скопје и натаму растат

Цените на становите во Скопје и натаму растат. За 1 процент цената е зголемена во последните три месеци од минатата година во однос на цените што биле во јули, август или септември, а за 7 проценти е зголемена цената на становите во Скопје во споредба со последните квартал од предмината година.

Објавено на

часот

Сподели

Според индексот на цени на станови објавен од Народна банка, цените на становите се продолжение на намалувањето на растот што се бележи од почетокот на минатата година.

Во првиот квартал  лани цените на становите бележаат раст од 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво. Во второто тримесечие од минатата година растот на годишно ниво изнесуваше 12,9 отсто, а на квартално 1,6 отсто. Намалувањето на цените продолжи и во третиот квартал кога растот на годишно ниво беше 11 проценти, а во однос на претходниот квартал 2,9 проценти.

Претходната 2022 година, пак имаше нагорен тренд, во првиот квартал становите поскапеа за 12,4 отсто  на годишно ниво, по што следеше раст од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во третиот и од 20,6 проценти во четвртиот квартал.

Народната банка го подготвува индексот на цените на становите за територија на Скопје, врз основа на податоци коишто се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите кои се занимаваат со прометот со недвижности.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика за издадени одобренија за градење за октомври 2023, во Скопскиот регион е предвидена изградба на 323 нови станови, од кои 194 во Општина Гази Баба, 53 во Центар, 51 во Петровец… Во 2023 година во јануари била предвидена изградба на 183 станови, во февруари 892, во март 97, во април 89, во мај 76, во јуни 217, во јули 73, во август 527, а во септември 216 станови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ