недела, 24 ноември 2024

Целосен пресврт во Бахмут, украинските трупи остануваат во градот

Објавено на

часот

Сподели

„Во исто време фактот што во моментов контролираме незначителен дел од Бахмут, важноста на неговата одбрана не го изгуби своето значење. Тоа ни дава можност да влеземе во градот во случај на промена на состојбата, што неспорно се случува“, рече Сирски.

Сирски тврди дека украинските сили продолжуваат да напредуваат на страничните позиции и дека се блиску до ставање на руските сили во Бахмут во тактичко опкружување.

„Продолжуваме да напредуваме по страните во предградието на Бахмут и всушност сме се поблиску до доведување на градот во тактичко опкружување. Благодарение на ова, ќе можеме да ги контролираме сите високи згради окупирани од непријателот и постепено да ги уништуваме“, објасни Сирски.

Тој заклучи дека ситуацијата е сложена, но под контрола. Заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар, тврди дека руските сили биле ставени во полу-опкружување во Бахмут.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ