Don’t Make Me Wait или Не оставај ме да чекам’ е комплетно авторско дело на Четкар на кое тој е потпишан како композитор, аранжер, текстописец, оркестратор, диригент и изведувач (вокал и гитара).
Песната ќе се најде на најновиот студиски албум на Четкар Let Us be кој прво ќе биде ексклузивно издаден на 18 септември во Токио од страна на познатата јапонска музичка куќа P-Vine Records за набрзо потоа да биде издаден низ целиот свет.
Don’t Make Me Wait е снимена комплетно со жива инструментација (гудачка, дувачка и ритам секција како и водечки и пратечки вокали изведени од Четкар) во Чикаго во студиото Electrical Audio и во Hi Fi Studios во Милвоки.
За 3 август Четкар со својот џез, соул и фанк ансамбл ќе оддржи концерт во Охрид во Despina Lounge која се наоѓа на крајбрежјето на Охридското Езеро.