четврток, 24 октомври 2024

Четири запалени оџаци во еден ден, ЦУК апелира граѓаните редовно да ги чистат

Центарот за управување со кризи известува за примени 1.690 повици на Единствениот број за итни случаи 112 и за четири интервенции на пожарникарите врз запалени оџаци во последното деноноќие, при што едниот запален оџак предизвикал палење на поткровје на куќа.

Објавено на

часот

Сподели

Центарот за управување со кризи потсетува и апелира за превентивно дејствување против пожари на оџаци, иако е во ек грејната сезона и тоа требало да се направи порано.

„Редовното чистење оџаци го спречува нивното палење. Никогаш не е доцна, се разбира за тие што не го направиле. Овој апел за чистење на оџаците е од причина што речиси секојдневно во грејната сезона има барем по едно известување за гаснење пожар на запален оџак. Навидум тие пожари не се опасни, но не ретко од нив се палат и објекти и куќи“, апелираат од ЦУК.

Наведуваат дека  денеска имаат  извештај за четири такви  интервенции во последното деноноќие, при што еден едниот запален оџак предизвикал палење на поткровје на куќа, што за среќа бил брзо пријавен по што пожарникарите го изгснале.

Пожарникарите од Прилеп во период од 12:10 до 13:00 часот, интервенирале на запален оџак на ул. Крсте Петков Мисирков во Прилеп.

Валандовските пожарникари во изминатото деноноќие имале една помала интервенција поради запален оџак и дел од поткровје во с.Јосифово.

Пожарникарите од Охрид имале една помала интервенција на запален оџак на ул. 7- ми Ноември во Охрид и пожарникарите од Кавадарци во изминатото деноноќие имале една помала интервенција поради запален оџак на ул. Јован Планински бр.3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ