петок, 15 ноември 2024

Четири милијарди евра од Европскиот фонд за поддршка на Украина

Европската комисија даде позитивна оценка за доделување на вториот пакет финансиска помош за Киев во износ од 4,1 милијарди евра од Европскиот фонд за поддршка на Украина, одлуката треба да ја одобри Советот на Европската унија, најави украинскиот премиер Денис Шмигаљ.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Европската комисија утврди дека Украина ги исполнила сите девет точки од реформските обврски, што било услов за исплата на нов пакет помош. Се нагласува дека реформите се однесуваат на борбата против корупцијата, условите за бизнис, правилата на пазарот на трудот, стандардите на енергетскиот пазар и заштитата на животната средина.

Шмигаљ истакна дека по исплатата на оваа транша, Украина оваа година од Европската унија ќе добие 16,1 милијарди евра, пренесува Укринформ.

Очекуваме Советот на ЕУ брзо да ја потврди денешната одлука на Европската комисија, изјави украинскиот премиер.

Европскиот фонд за поддршка на Украина е програма од 50 милијарди евра, беше одобрен на крајот на минатата година за периодот од 2024 до 2027 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ