понеделник, 21 октомври 2024

Чешкиот претседател: Украина во догледно време нема да биде во состојба целосно да ја избрка Русија од својата територија

Претседателот на Чешка Петр Павел предупреди дека Украина, како што кажа, барем во догледно време, нема да биде во состојба целосно да ја избрка Русија од својата територија и дека на Киев треба да му се помогне за пред евентуалните преговори за мир да биде во што подобра позиција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Би требало тоа да го гледаме реално, не премногу оптимистички со розови очила како што често беше до сега. Русија сигурно не е едноставен ни слаб противник. Би требало да се трудиме Украина да постигне што подобар резултат и ако е можно да ја задржи поддршката на демократскиот свет“, кажа Павел.

Чешкиот претседател кажа и дека очекува притисокот на Москва на фронтот уште повеќе да засили како што се ближат пролетните претседателски избори во Русија бидејќи на Владимир Путин му е потребно да покаже решителност и резултати, иако на изборите никој не може да го загрози, пренесуваат чешките медиуми.

„Русија поголем успех би ја зацврстил во верувањето дека постапува правилно и дека сè може да постигне со сила. Затоа е важно да ѝ се помогне на Украина да оствари што подобар исход. А кога ситуацијата ќе дојде до точката кога ниедна страна нема да биде во состојба да напредува, тогаш може да се изврши притисок да дојде до некакви преговори. Но засега ниедна страна не мисли дека е во таква ситуација“, кажа Павел.

Тој како „врв на ароганцијата“ ја означи изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека со Киев би можело да се преговара под услов на другата страна на масата да не биде сегашното украинско раководство.

„Земја која нападна суверен сосед, две години ја окупира неговата територија, уништи поголем дел од неговата инфраструктура, уби десетици илјади нејзини жители, вели дека е спремна да преговара ако го сменат раководството, легитимно избрано на демократски избори. Тоа е врв на ароганцијата“, кажа чешкиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ