недела, 24 ноември 2024

Царината во јули остварила рекордна наплата на приходи

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на првата трибина од платформата „100 проценти посветени за тебе“ истакна дека Царината со зголемени контроли во изминатите 100 дена, наплатила 3 милијарди денари повеќе од истиот период минатата година .

Објавено на

часот

Сподели

Во однос на затекнатата состојба директорот потенцира дека истата била крајно разочарувачка, односно имало слаби контроли, а откривачките функции биле сведени на минимум.
,
„Воспоставуваме ред, при што во јули, е остварена историски рекордна наплата на приходи во еден месец, во износ од 12 милијарди денари или 16,6 проценти повеќе од лани“, кажа Николовски.

Според директорот на Царинската управа, тенденцијата е задржана и во наредниот период, за што е доказ и зголемената наплата на приходи во 100-те дена, во износ од 35,4 милијарди денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ