петок, 19 јули 2024

Бугарскиот парламент го верификуваше испраќањето воена помош за Украина

Објавено на

часот

Сподели

Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, парламентарците првично ја усвоиле одлуката на бугарската влада за ова прашање уште во јули, но процедурата барала и ратификација на договорот меѓу двете влади, бидејќи се работи за испорака на оружје.

Станува збор за 100 расходувани оклопни транспортери БТР-60, кои досега биле формална сопственост на Министерство за внатрешни работи, но не биле во употреба од 80-тите години на минатиот век.

Одлуката за нивно испраќање во Украина ја поддржаа 152 пратеници на владејачката коалиција, од вкупно 240 пратеници во парламентот.

„Многу повеќе од формална воена помош, која секако ќе го олесни надополнувањето со техника на пешадиските баталјони на украинската армија истрошени во долготрајниот конфликт со Русија, оваа одлука на бугарските парламентарци ќе означи и промена на ставот за испраќање воена помош за Украина воопшто. Имено, официјална Софија досега во овој поглед беше воздржана и јасно стави до знаење дека очекува соодветна компензација од сојузниците на НАТО, пред сѐ од САД, за секое средство што ќе го испрати на Исток“, се вели во текстот.

Набљудувачите на тој процес шпекулираат дека позитивната одлука на бугарскиот парламент е директна последица на одлуката на американскиот Стејт департмент, кој во септември ѝ дозволи на тамошната воена индустрија да ѝ продава оклопни возила „Страјкер“ на Бугарија.

Бугарскиот парламент на 9 ноември одобри купување на 183 „Страјкери“, во различни конфигурации и намени, а за купување на ова ново оружје за потребите на Копнената војска, Софија одвои околу 1,5 милијарди американски долари.

„Откако ‘е скршен мразот’, се наметнува прашањето дали Бугарија конечно ќе се согласи да ѝ префрли друга опрема на Украина, што би ѝ овозможило на таа земја да продолжи со сегашното темпо на конфликт со Русија. Иако е во НАТО веќе 19 години Бугарија сè уште користи доста поранешно советско оружје, па во таа смисла е високо на листата на потенцијални ‘донатори’ за Украина“, се вели во текстот.

Порталот потсетува дека Бугарија сѐ уште користи ловци Миг-29, јуришни авиони Су-25 и тенкови Т-72 и дека Украина би била многу среќна да ја преземе ракетната дивизија за воздушна одбрана С-300 ПМУ, каков што веќе пристигна од Словачка.

Бугарскиот државен врв досега одбиваше да зборува на таа тема бидејќи беше оценето дека во моментов нема соодветна замена за тоа средство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ