петок, 18 октомври 2024

Бугарски политичар: Не треба да ѝ даваме на Украина ни цент додека не добиеме извештај за 70 милијарди евра

Објавено на

часот

Сподели

Според него, ШОС (Шангајска организација за соработка) и БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) стануваат сериозни меѓународни фактори на кои Европа мора да смета и со нив да соработува.

„БРИКС и ШОС – тоа е половина свет. БРИКС, во однос на бројот на жители и економската моќ, е нешто многу посериозно од нашиот голем сопственик на демократијата, ЕУ“, изјави тој за ТВ Еуроком.

Поранешниот министер додаде дека ако Европа не го увиди тоа и не започне активен, ефективен дијалог со нив, служејќи им на интереси кои ѝ се туѓи на Европа, ништо добро нема да се случи.

„Гледаме дека Европа продолжува да учествува во војната во Украина, но забораваме да го послушаме апелот на премиерот (на Унгарија Виктор) Орбан дека додека не добиеме извештај за 70-те милијарди евра, кои ги доделивме како помош за Украина, не треба да даваме ниту цент“, порача Петков, пренесе Политка.

Претходно, претседателот на Бугарија Румен Радев ја повика новата влада да се грижи за бугарската војска, а не за давањето воена помош за Украина, пренесува Спутник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ