сабота, 13 јули 2024

Бугарија по долг застој конечно доби влада

Објавено на

часот

Сподели

Новата влада, која всушност е составена од специјалисти на чело со истражувачот Николај Денков, без тешкотии го доби одобрението на парламентот. За новата влада гласаа 132 од 240-те пратеници.

Денков, кој беше министер за образование, го избра либералната реформска коалиција и тој ќе владее девет месеци.

Тој ќе ја има поддршката од поранешната европска комесарка Марија Габриел, која претходно ја именуваше конзервативната партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов за да најде решение за кризата.   

Марија Габриел (44), која неодамна поднесе оставка на функцијата во Брисел, прво ќе биде потпретседател на владата под раководство на 60-годишниот истражувач Николај Денков, кој го избра либералната реформска коалиција. Потоа, по девет месеци таа ќе го преземе раководството на владата.

Бугарија, најсиромашната земја во Европската Унија, на 2 април ги одржа своите петти парламентарни избори во две години. По тие избори различните политички партии не успеаја да се договорат.

Како што претходно оценија аналитичарите, владата не е формирана и поради острата поларизација меѓу партиите, а недоволната сила на секоја од нив го спречуваше формирањето стабилна влада.

Меѓутоа, поранешниот ривалски премиер Бојко Борисов од конзервативниот ГЕРБ и проевропскиот Кирил Петков решија да ги остават настрана своите разлики и да формираат коалиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ