сабота, 19 октомври 2024

Бугарија бара од Грција да ѝ го чува воздушниот простор

Објавено на

часот

Сподели

Како што јавува грчки Катимерини, повикувајќи се на неидентификувани извори, преговорите за тоа се веќе во тек. За барањето на Софија, се истакнува, се разговарало на дипломатско ниво и во врховниот штаб на сојузничките сили на НАТО во Европа (СХАПЕ).

Катимерини додава дека Бугарија има стари авиони МиГ-29А, чии можности се ограничени.

„Овие расправи повторно ги разгоруваат сценаријата за можноста Бугарија да отстапи дел од воените авиони што ги има на Украина. Овие расправи, нормално, се одвиваат на сосема друго ниво“, пишува грчкиот весник.

Катимерини потсетува дека грчкото воено воздухопловство, заедно со Италија, веќе ги надгледува воздушните простори на Македонија, Албанија и Црна Гора, каде одговорноста е поделена на две недели, односно 15 дена надзор на Грција, 15 дена на Италија „во контекст на пошироката политика на НАТО“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ